Поради изненадни здравствени проблеми, пејачот Бојан Тасиќ „Џаја“ е хоспитализиран, а бендот мораше да ги откаже следните настапи.
Пејачот на Амадеус бенд, Бојан Тасиќ „Џаја“, изненадно се разболел на 18 октомври и бил примен во Земунската болница. Поради тоа, вечерниот настап на бендот во белградски ресторан бил откажан.
Од ресторанот преку Instagram информирале дека:
За жал, поради здравствени причини Амадеус бенд вечерва не можеше да настапи. Сепак, адекватна замена ќе се погрижи за добра атмосфера.“
Се чини дека состојбата на пејачот сè уште не е стабилна, па настапот на бендот во Словенија исто така е откажан.
Во соопштението на Амадеус бенд се наведува:
Поради здравствени проблеми, настапите во Словенија се откажани.“



