Лидерот на Вреди, Билал Касами за албанската телевизија Сири на прашање дали ВРЕДИ ќе го поддржи кандидатот за градоначалник на ДУИ, Фатмир Дехари, во вториот круг од изборите, наспроти кандидатот на ВМРО ДПМНЕ, Александар Јовановски, Касами одговори потврдно:
„Да, секако, ние во Кичево, бидејќи нашата кандидатура не помина, каде што има Албанци во вториот круг, ќе ги поддржиме Албанците. Верувам дека и ДУИ ќе го стори истото. Бидејќи во Брвеница, општина во близина на Тетово, кандидатот на Вреди отиде во втор круг со кандидатот на ВМРО ДПМНЕ или во општина Долнени, тоа е општина во Пелагониската котлина во близина на Прилеп, кандидатите на Вреди се против кандидати на ВМРО ДПМНЕ. Се надеваме дека ДУИ ќе ги поддржи овие кандидати.“ – изјави Касами.
Хаким Рамадани, пак, од Брвеница сподели фотографија како ги одлепува партиските симболи од штабот на Вреди со порака: „Од вечерва ги отвараме штабовите без партија, без партиски симболи. Овој штаб ни припаѓа на сите. Ние сме едно!“
