Проверката потврди дека нема опасност од сомнителен куфер кој беше оставен на плоштадот кај седиштето на ВМРО-ДПМНЕ

108

Празен куфер, кој бил оставен од две лица на плоштадот „ВМРО“ пред седиштето на партијата ВМРО-ДПМНЕ, ги испразни околните згради, потврдија од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Како што оттаму информираат, лице од обезбедувањето на Јавното претпријатие „Државни патишта“ околу 13 часот денеска, пријавило дека на видеонадзорот биле забележани две лица кои го разгледувале просторот, при што едно од нив оставило куфер.

„Двете лица го разгледувале местото, а едно од лицата оставило куфер. Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности, извршени се потребните проверки и утврдено е дека куферот е празен“, соопштија во МВР.

Претходна вестУапсена сопругата на докторот во кој вчера беше пукано во Куманово
Следна вестФилипче до Мицкоски: Владата или нека ја води државата како што треба или нека си оди