Какво утро: Во Македонија доаѓа и првиот снег – ова е се што треба да знаете за времето кое ни претстои

3436

Под влијание на циклонска активност со центар над Џенова, во нашата Република Македонија следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и тие повремено ќе бидат обилни и поројни и проследени со локална појава на грмежи и со засилен ветер од југоисточен правец.

Локално ќе наврне позначително количество на воден талог (над 20/25 литри на метар квадратен дожд).

И во Скопје и околината следува период на променливо време со повремени врнежи од дожд и тие повремено ќе бидат обилни и поројни и со услови за појава на грмежи и со засилен ветер од југоисточен правец.

Во исто време од исток и од северосток кон нашата Република Македонија ќе продира значително поладен воздух и истиот ќе услови температурите да опаднат за околу или дури и за повеќе од 10 степени во споредба од оние температури кои ги имаевме во изминатите денови.

Наутро минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 5 до 14 степени.

Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 20 степени. Во Скопје и околината температурата ќе се искачува до околу 16/17 степени.

Ладно време за самиот крај на септември и за почетокот на октомври месец ќе имаме следната седмица со потрпосечни температури на воздухот.

По се изгледа дека планините во регионот и во нашата Македонија во текот на следната седмица ќе ги добијат и првите врнежи од снег за оваа сезона.

Претходна вестТажно утро во Македонија: Во својот дом мртов е пронајден млад човек – полицијата веднаш постапи
Следна вестПуштени во продажба билетите за македонското дерби