(ФОТО) Во Штип на Дино Мерлин имало 20.000 луѓе, а не 120.000

13001

Се крена голема прашина околу настапот на Дино Мерлин на Пастрамалијадата во Штип оваа година. Јавноста реагираше и за огромната сума која е платена за пејачот од општински пари односно од џебот на штипјани.

И додека се уште траеше концертот на Дино Мерлин, започнаа да се појавуваат бројки кои звучат моќно, но за жал и нереално. Според многумина, неофицијални извори наводно имало над 100.000 луѓе, а некои ја споменуваат и бројката од 120.000 односно 130.000 посетители.

За ова реагираше и актерот и фронтмен на „Меморија“, Петар Георгиевски – Камиказа:

Стадион 100 на 50, значи 5000 м2. Кога ќе одбиеш шанкови, вецеа и бина, остануваат од 5000м2, не повеќе од 4000м2 или што би рекле по двајца на квадрат 8.000, еве и тројца на квадрат, што со високи маси не е можно еве 12.000, што е лага од 88.000 љубители на Дино Мерлин кој во Штип пееше во очи на раѓањето на Света Богородица….И да, во Штип Меморија продаде 3.200 карти во времето во Дом на млади и до ден денешен го држи рекордот во продадени карти!!! Бошко Симоновски е жив и може да потврди, заедно со тие иљадници, растурени секаде по светот, но многумина уште живи и со незаборавни спомени токму од Штип!!! Ние се оддолживме на Штип ланска година со концерт за паметење и снимен со 11 камери!!! Никогаш тоа нема да можеш да го избришеш мали!!! Ниту од Меморијата на присутните, ниту од дигиталните медиуми, кој говорат за тоа како било!!!

Која е вистината и што велат математички прецизните факти?

Игрално поле: 85 × 208 м = 17.680 м². Ако навистина имало 130.000 луѓе, тоа значи 7,35 луѓе/м² → по човек 0,136 м².

Тоа е згмечување, не публика. Целата обвивка на стадионот: 205 × 81 м = 16.605 м². И тука, 130.000 луѓе би значело 7,83 луѓе/м² – повторно невозможно и опасно.

Реални стандарди за толпа:

*2 луѓе/м² = нормална концертна густина.

*3 луѓе/м² = многу густо.

*4 луѓе/м² = критично (ризик од згмечување).

*7+ луѓе/м² = нереално/небезбедно.

Кога цел терен е исполнет, а пред бината е погусто, реалната мешавина е околу 1–3 луѓе/м²

Тоа дава около 15.000 – 20.000 присутни, што се совпаѓа со визуелната проценка по зони (густо/средно/ретко).

Претходна вестПолициски службеници спасија повредено лице на Шар Планина, со хеликоптер
Следна вестИ ова се случи во Македонија: Одбиена кандидатурата за градоначалник – се огласи и самиот тој