Еден милион Французи излегоа на протести

25

На масовните протести што денеска се одржаа низ цела Франција на повик на синдикатите против владините предлози за драстично намалување на буџетските трошоци, уапсени се 309 лица, а за 134 е одреден притвор, соопшти вечерва француската полиција.

На протестите, според власта, учествувале околу 500.000 луѓе, додека организаторите тврдат дека бројката достигнала еден милион.

Во немирите биле повредени 26 полицајци, а јавниот превоз и дел од париското метро беа во прекин, додека демонстранти блокирале улици и патишта во повеќе градови.

Претходна вестСтојам зад сè што кажав, има неправилности и треба да се расчистат, изјави кардиологот Сашко Кедев