Повеќе локации во Скопје денес без струја

55

Поради планирани технички зафати во електро-снабдувачката мрежа, повеќе скопски населени места ќе останат без електрична енергија на 4 септември (четврток), соопштуваат од надлежните служби.

Според објавените информации, без струја ќе бидат следните населени места:

БАЊАНЕ – Прекинот е планиран од 09:00 до 15:00 часот. Без струја ќе бидат дел од потрошувачите од селото Бањани и викендиците кон манастирот „Св. Илија“.

ДРАЧЕВО – Во ова населено место ќе има два одвоени прекини:

Првиот е од 10:00 до 11:30 часот, и ќе го зафати делот од улицата Студеничанска.

Вториот е од 10:30 до 12:30 часот, на делот од улицата Малешевска 1.

Покрај планираните прекини, евидентиран е и непланиран прекин на електрична енергија во населбата Горно Соње, но не е наведено времетраењето на истиот.

Претходна вестМицкоски денес ќе ја посети Општина Брвеница
Следна вестОДИХР со 14 набљудувачи од утре почнува со следењето на Локалните избори 2025