Мицкоски денес ќе ја посети Општина Брвеница

41

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска ќе ја посети Општина Брвеница, при што ќе присуствува на пуштање во употреба на улицата „Коста Рацин“ во село Брвеница.

Проектот е финансиран од Владата, во вредност од 9.211.939 денари.

Потоа, како што информираат од владината прес-служба, Мицкоски ќе присуствува на пуштање во употреба на улицата од потегот Алумина до Домот во село Милетино, каде што е предвидено да даде изјава за медиуми.

Проектот опфаќа целосно асфалтирање на улицата, од кој дел е финансиран од Владата во вредност од 5.425.315 денари, а другиот дел е финансиран од буџетот на Општина Брвеница. во вредност од 11.000.000 денари.

Претходна вестХосни му го донесе Суперкупот на Пелистер
Следна вестПовеќе локации во Скопје денес без струја