Интер со убедлив старт – петарда против Торино на Сан Сиро

50

Интер ја започна новата сезона во Серија А со резултат каков што само можеа да посакуваат навивачите на Сан Сиро. Вечерва против Торино, тие славеа со 5:0 во вистинско голгетерско шоу на домашен терен.

Натпреварот беше и дебитантско деби за Кристијан Киву на клупата на “нероаѕурите”, кој со својот тим доминираше од првата до последната минута.

Првиот погодок падна во 18-тата минута, кога Алесандро Бастони највисоко скокна по корнерот на Барела и со глава ја затресе мрежата. Торино немаше одговор на интензитетот на Интер, кој постојано вршеше притисок и освојуваше топки високо на половината на противникот. Таквиот пристап донесе и втор гол: Лука Суќиќ ја врати топката и испрати совршено вертикално додавање до Маркус Турам, кој прецизно реализираше.

Интер на полувремето замина со водство од 2-0, а во продолжението ја задржа контролата и ги зададе завршните удари. Лаутаро Мартинез ја искористи грешката на Гинеитис и реагираше побрзо од голманот Израел за 3-0. Турам повторно се запиша меѓу стрелците со прекрасно реализиран удар со глава по центаршутот на Бастони уште од половината.

На дебито на новодојдениот Анже-Јоан Бони, потребни му беа само пет минути за да постигне погодок и да испише историја во дресот на Интер, откако Лаутаро несебично му асистираше. Вечерта ја заокружи и првиот настап на Енди Диуф, а Јан Сомер забележа “чиста мрежа” за совршен старт на сезоната.

Со оваа убедлива победа Интер испрати силна порака дека повторно ќе биде еден од главните фаворити за титулата во Серија А.

Претходна вестДиректорот на Катастар, Живковски ќе одржи работна средба со гувернерот Славески
Следна вестВозач на четирицикл удрил во пешаци, четворица повредени во Битолско