(ВИДЕО) Што му се случува на Кочани: Нов голем пожар – 3 лица завршија во болница, уште 3 се полесно повредени

4608

Во попладневните часови денеска избувна пожар во куќа лоцирана на улицата „Браќа Ставреви“, во центарот на Кочани. Според првичните информации, пожарот избувнал нешто пред 14 часот, а благодарение на брзата интервенција на кочанските пожарникари, истиот бил изгаснат.

На видеото што беше објавено на социјалните мрежи се гледа како пламени јазици го зафаќаат објектот, но засега не се познати причините за избувнување на пожарот.

Од Итната медицинска помош информираат дека хоспитализирани се три лица, кои настрадале поради вдишување на чад. Според лекарите, ниту едно од нив не е во животна опасност.

Во гаснењето на пожарот беа вклучени сите расположливи сили на Противпожарната единица од Кочани, а поддршка пружија и доброволци од Доброволното противпожарно друштво.

Истрагата за утврдување на причините и околностите под кои настанал пожарот сè уште не е започната. Се очекува увид од надлежните институции во текот на денот.

Видео превземено од Радио Кочани.

Претходна вестЦРВЕН АЛАРМ: УХМР утрово со најнова вест – сите мора да го знаете ова
Следна вестТажен крај на потрагата: Никола ја остави ќерката во градинка и исчезна – сега е пронајден мртов