Во текот на денот, се споделуваа апели за потрага по Коле…
Потрагата по 52-годишниот прилепчанец Коле Петрески, за жал заврши со трагичен исход.
Лицето попладнево е пронајден починат, информираат неговите блиски на социјалните мрежи.

Потрагата по Петрески започна денеска, откако последен пат бил виден вчера утрото околу 08:00 часот.
Засега нема информации кои се причините за смртта.
Нашата редакција изразува сочувство до фамилијата и пријателите.



