(ВИДЕО) Две лица го загубија животот, дрво падна врз 12-годишно дете, страотно невреме руши се пред себе и создава досега невидени проблеми, ситуацијата е крајно сериозна во Франција

7533

Две лица го загубија животот во Франција откако силна бура ја погоди земјата синоќа, по период на интензивна топлинска преса, јавуваат француските медиуми.

Една од жртвите е 12-годишно дете кое настрадало во регионот Тарн-ет-Гарон, на југот од земјата. Детето било погодено од дрво што се урнало додека со семејството се обидувало да се евакуира од зоната зафатена од невремето.

Во друг случај, на северозападот на Франција, возач загинал кога удрил во стебло што го блокирало патот откако било срушено од силниот ветер.

Ветерот дуваше со брзина до 120 километри на час, а француските власти издадоа аларм за опасни временски услови во 57 региони.

Премиерот Франсоа Бајру упати апел до населението во засегнатите области да бидат крајно претпазливи.

Силниот дожд предизвика и поплавување во зградата на Националното собрание, токму додека се одвивала парламентарна седница.

Претходна вестСитуацијата е сериозна: Доаѓа големо невреме во овие делови од Македонија – бидете внимателни
Следна вест(ВИДЕО) Тажни снимки, од кои срцето боли: Земјоделците во солзи и неверување – град со големина на тениски топчиња уништи се што најде пред себе во Франција