Костадин Ацевски, актуелен претседател на СДСМ во Ѓорче Петров ја доби довербата од Централниот одбор на партијата, да биде кандидат за градоначалник на Општина Ѓорче Петров.
Ацевски е познат меѓу своите соборци како искрен и чесен човек, многу лојален и токму поради тоа веруваат дека со него, СДСМ има големи шанси да прослави победа во Ѓорче Петров.
ВМРО-ДПМНЕ претходно потврди дека од нивните редови шанса за нов мандат ќе добие актуелниот градоначалник Александар Стојкоски, додека се уште не е познато и дали и со кој кандидат ќе настапи Левица, кои имаат сериозна бројка на гласови во оваа општина.



