И денеска локален дожд, ќе дува и засилен ветер

143

Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо со локален дожд. Ќе дува и умерен до засилен ветер од северен правец.

Дожд ќе има во источните делови од земјата, во полошкиот регион, и во пелагонискиот регион.

Минималните температури ќе се движат во интервал од шест до 15 степени, додека максималните од 13 до 24 степени.

Во Скопје променливо облачно со услови за слаб дожд. Ќе дува умерен до заасилен ветер од северен правец. Температурата од 12 до 23 степени.

Претходна вестЦентар, Ѓорче и Карпош денеска без струја, вода ќе нема во дел од Карпош
Следна вестСрпските студенти во блокада на 1 јуни протестираат во 27 градови