Центар, Ѓорче и Карпош денеска без струја, вода ќе нема во дел од Карпош

134

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа на денеска (петок) без електрична енергија ќе останат:

– од 09.00 до 13.00 часот корисниците од ул.Владимир Полежиновски и дел од ул.Стефан Јакимов -Дедов (општина Центар)

– од 09.00 до 14.00 часот дел од корисниците од улица Франце Прешерн (општина Карпош) и

– од 10.00 до 14.00 часот дел од потрошувачите на ул.Исаија Маџовски и дел од крстопатот со бул.Васил Чакаларов.(општина Ѓорче Петров).

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на шибер од ф – 80 мм на ул. Руѓер Бошковиќ бр. 15, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците лоцирани на потегот од бул. Осми Септември до раскрсница со ул. Никола Тесла (општина Карпош).

Претходна вестКоцевски: Истрагата за пожарот во Кочани е завршена, од утре почнува увидот на одбраната во доказите
Следна вестИ денеска локален дожд, ќе дува и засилен ветер