СКАНДАЛ: АЕК нема да игра, финалето со Алкалоид е одложено

145

Финалето на ЕХФ Купот меѓу Алкалоид и АЕК Атина е откажано, откако грчките ракометари решија да не излезат на теренот во Спортскиот центар „Борис Трајковски“.

Сè беше подготвено за старт на финалниот натпревар во Скопје, меѓутоа пред да излезат на терен, ракометарите на грчкиот клуб се предомислија. Причината за таквата одлука дојде поради навивачите кои не добија дозвола да влезат во салата во посакуваната бројка. Грците допатуваа со повеќе од дозволената бројка навивачи – 200 и тоа беше проблем.

Поради тоа, официјалниот спикер кажа дека стартот на натпреварот е одложен.

Претходна вестАЕК одби да игра додека не влезат грчките навивачи во „Борис Трајковски“
Следна вестЗа 20 илјади запленети производи годинава е утврдено дека се фалсификати