АЕК одби да игра додека не влезат грчките навивачи во „Борис Трајковски“

150

Реваншот од финалето на ЕХФ Европскиот куп почна со скандал откако гостинскиот тим АЕК одби да излезе на теренот за да стартува мечот со Алкалоид.

Уште при најавувањето на екипите беше очигледно дека грчкиот тим не истрчува на терен, за по излегувањето на ракометарите на Алкалоид да биде објавено дека почетокот на мечот ќе доцни.

Неофицијално, Грците немаат намера да се појават на терен се додека на трибините не се појават нивните навивачи, кои пристигнаа во Скопје и наскоро би требало да влезат во СЦ „Борис Трајковски“.

За очекување беше Грците во знак на ракометна немоќ да се служат со најразлични рецепти, но оваа провокација на непочнат натпревар е најава дека реваншот од финалето воопшто нема да мине мирно како што се надеваа од таборот на Алкалоид.

За да биде апсурдот уште поголем, според информациите, навивачи на АЕК уште во текот на денот биле присутни во хотелот на грчките ракометари и не им дозволувале воопшто да го напуштат хотелот. А, сега, пак, ракометарите на АЕК не излегуваат на теренот се додека не се појават на нивните навивачи на трибините во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.

Претходна вестГрадоначалници на ВМРО-ДПМНЕ газат врз македонското знаме, обвинија од Левица од Левица
Следна вестСКАНДАЛ: АЕК нема да игра, финалето со Алкалоид е одложено