Башкими последен учесник во Првата фудбалска лига за идната сезона

151

Екипата на Башкими од Куманово, по цели 16 години, повторно се врати во Првата македонска фудбалска лига, откако во бараж пресметката триумфираше со 2-0 против досегашниот прволигаш Беса.

Последен пат Башкими, кој е и освојувач на Купот на Македонија од 2005 година, во Првата македонска фудбалска лига играше во сезоната 2008/09 кога се откажа поради финансиски проблеми. Сега повторно се враќа во елитата.

Во баражот кој се играше во Кавадарци, Башкими сосема заслужено триумфираше со по еден гол во двете полувремиња. Саити најпрво погоди во 37. минута за водство од 1-0 на кумановци, а потоа во 80. минута Алексовски заокружи за конечни 2-0.

Претходна вестУкраинците нападнале хеликоптер во кој се наоѓал Путин
Следна вестПостапката е според закон, со банкарски гаранции и лабораториски тестови, Тошковски ги демантира обвинувањата за тендерот