Украинците нападнале хеликоптер во кој се наоѓал Путин

152

Хеликоптерот на рускиот претседател Владимир Путин беше во епицентарот на масовниот напад на украинските беспилотни летала за време на неговата неодамнешна посета на регионот Курск, изјави командантот на дивизијата за воздушна одбрана Јуриј Дашкин за телевизискиот канал „Россија 1“.

Командантот на руската дивизија за противвоздушна одбрана Јуриј Дашкин ги сподели деталите со руските медиуми. Се се случило на 20 мај.

-Хеликоптерот на претседателот се најде во центарот на нападот на непријателските беспилотни летала, рече Дашкин.

Според него, нападот бил одбиен и руската војска успешно ја зачувала безбедноста на рускиот претседател. Интензитетот на нападот значително се зголеми бидејќи хеликоптерот со главниот командант прелета над територијата на регионот Курск.

-Истовремено, спроведувавме борбени операции и го штитевме летот на претседателот, додаде Дашкин.

За време на инцидентот руските единици собориле вкупно 46 украински беспилотни летала. Овој инцидент доаѓа по се почестите напади со беспилотни летала на руска територија, особено во пограничните области.

Претходна вестСиљановска Давкова: Австрија е подготвена да разговараме за изнаоѓање креативно решение со Бугарија
Следна вестБашкими последен учесник во Првата фудбалска лига за идната сезона