Нема место за паника во Ферари

140

Седумкратниот шампион во Формула 1, Британецот Луис Хамилтон, лошо ја почна сезоната во тимот на Ферари, за кој дебитираше годинава. Тој ги гради темелите за она што доаѓа, а Ферари бара трпение додека трае периодот на приспособување.

Луис Хамилтон го имаше своето деби во Формула 1 во 2007 година, но неговиот трансфер во Ферари за сезоната 2025 сигурно претставува едно од најголемите поглавја во неговата кариера. Сепак, почетокот на таа нова ера не е идеален и секојдневно пристигнуваат критики на негова адреса.

Седумкратниот светски шампион сè уште бара стабилност во црвениот болид, додека Ферари поминува низ турбулентна сезона. По седум трки, разликата зад лидерот, Ред бул, е дури 165 бода, што е значително повеќе од очекуваното пред почетокот на сезоната.

Иако Хамилтон забележа неколку важни моменти како што се пол-позицијата и победата на спринтерската трка во Кина, како и третото место на спринтот во Мајами, неговите резултати на главните трки, генерално, не ги исполнија очекувањата. Неговото четврто место во Имола, откако стартуваше од 12. позиција, беше најдобриот финиш досега во болидот на Ферари, а, исто така, го победи и тимскиот колега, Шарл Леклер, прв пат оваа сезона.

И покрај тој напредок, шефот на Ферари, Фред Васер, повикува на разумност и апелира за крај на драмата што го придружува Хамилтон секој викенд.

-Мораме да го спречиме тоа. Ако има Луис добар викенд, сè е совршено, ако не, тогаш тоа е катастрофа. Секој возач работи на себе, соработува со тимот, се обидува да развие нешто и да ја заврши работата најдобро што може – рече Васер.

Претходна вестАнкара во преговори со канадска компанија за изградба на нуклеарни централи
Следна вестРок-бендот “Меморија“ со троен ЛП-албум како вистински раритет