МВР ги демантира објавите дека јавниот обвинител Коцевски со неговата изјава ја нарушил акцијата за приведување на полициските службеници

170

Министерството за внатрешни работи ги демантира информациите објавени во дел од медиумите дека државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски со неговата вчерашна изјава ја нарушил акцијата за приведување на полициските службеници.

-МВР во целост ги демантира дезинформациите објавени во дел од порталите за наводно нарушување на вчерашната акција од страна на јавниот обвинител Љупчо Коцевски. МВР при вчерашната акција постапуваше по насоки на јавното обвинителство, стои во информацијата од Министерството за внатрешни работи.

Државниот јавен обвинител вчера во телевизиско гостување соопшти дека во тек е акција за приведување на седум нови полициски службеници во врска со пожарот во дискотеката во Кочани во кој загинаа 61 лице, а 193 беа повредени.

Претходна вестСо апсење само на поранешни полицајци истрагата за Кочани станува фарса, обвини СДСМ
Следна вестНезаконските притвори за трагедијата во Кочани се срам за правосудниот систем