Денес од попладневните часови до четврток претпладне ќе има локални врнежи од дожд, наместа поројни, проследени со појава на грмежи, особено во ноќните часови кон четврток.
До сабота ќе се задржи топло време со дневни температури кои на повеќе места ќе бидат над 20 степени и ќе дува засилен јужен ветер (над 60 km/h).
Преодно стабилизирање на времето ќе има во петок и сабота, а во недела повторно на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.