По една деценија повторно се отвара прашањето за смена на државниот грб во Северна Македонија. Премиерот Христијан Мицкоски потврди дека со владиниот партнер Вреди разговарале на оваа тема го отвориле прашањето за промена на државниот грб.
-Ова прашање го отворивме. Ние сме една од двете постсоцијалистички држави што се уште го имаат стариот државен грб, со некои мали модификации, рече Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања. Премиерот потсети дека договор за менување на државниот грб имало и меѓу ВМРО-ДМПНЕ и ДУИ кога тие во истата влада.
-Знам дека имаше договор помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ за промена на државниот грб, тоа беше пред неколку години, ако не се лажам во 2014, 2015 година. Ние ова прашање го отворивме и ценам дека ние сме една од двете држави постсоцијалистички коишто се уште државниот грб го имаат оној стариот со некој модификации. Но, кратко да кажам: имаше договор помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ кога бевме во иста влада, кога таа влада ја водеше Никола Груевски, рече Мицкоски.
Последен пат промена на грбот предложи Владата на Никола Груевски во 2014 година, но не успеа да обезбеди двотретинско мнозинство за поддршка на оваа идеја. Стануваше збор за црвен лав на златно-жолта позадина во форма на штит, како и круна во горниот дел во форма на тврдина. Меѓу објаснувањата на тогашната власт беше дека Македонија и Белорусија биле единствени во Европа што имаат државен грб инспириран од советската хералдика.