Страшна вест: Силен земјотрес ја погоди Хрватска

26506

Секторот за сеизмологија на Заводот за хидрометеорологија и сеизмологија регистрирал во 18:43 часот посилен земјотрес, со епицентар на 27 километри североисточна од Задар во Хрватска.

Јачината на земјотресот во жариштето изнесувала 5,3 по Рихтеровата скала.

Според прелиминарните податоци од обработката, епицентарот на земјотресот е лоциран на длабочина од еден километар.

Секторот за сеизмологија на Заводот за хидрометеорологија и сеизмологија соопшти дека земјотресот можел да предизвика извесна материјална штета во епицентралното подрачје.

Претходна вестМистерија во велешко: Жена се наоѓала во куќа која изгорела, но телото го нема!
Следна вестМицкоски потврди: Започнавме преговори со ВРЕДИ за промена на државниот грб