Ја давел, ја оставил да умре и заминал да игра комар: Родителите на Емилија бараат доживотен затвор за нејзиниот убиец

2847

Од затворот во Куманово каде што ја издржува мерката притвор, убиецот на 29 годишната штипјанка Емилија Пешева,беше спроведен во Основниот суд во Штип, каде му се суди за грозоморното убиство на неговата партнерка. 25 годишниот Фадил Зејнелов, призна дека до смрт ја задавил младата девојка со која има и малолетен син. Родителите на Пешева бараат доживотна казна затвор

-Очекувам судот да му пресуди на монструмот што ни ја отепа ќерката доживотен затвор.Тој не се кае, измислува, тој е ладнокрвен убиец, вистината е дека ја давел, ја оставил да умре и заминал да игра комар. Ја користеше и ги коцкаше парите. Ни остави дете сираче, не оди на школо си ја бара мајката, не може да се навикне без неа, знае дека е убиена. Ја нема Емилија, болката не можам да ја опишам, само ако му дадат доживотно ќе се смирам, во болка изјави таткото на убиената девојка, Слободан пешев

Семејството беше во судницата додека обвинителката го читаше обвинението. На убиството му претходела расправија помеѓу Емилија и Фадил бидејќи таа сакала да го остави. Полицијата, штипското Обвинителство и Центарот за социјални работи знаеле дека таа била жртва на семејно насилство бидејќи иако пријавувала, сепак се откажувала да го гони поради стравот од насилството.Само неколку дена пред да ја задави Фадил до смрт, Емилија требало да однесе во Обвинителството лекарско за повредите од ќотек, но не се појавила на договореното.

Нејзнината мајка Џемиле Сала вели дека Фадил нон стоп ја тепал Емилија, но не само тој туку и другите девојки со кои ја изневерувал. Паричната помош од негата која ја земала за болеста епилепсија и детскиот додаток за детето, убиецот и ги коцкал, па често останувале без храна, поради што Емилија седела кај родителите.

– Се закани дека ќе ја убие. Имаше и други девојки, со нив просеше, и тие ја тепаа. Беше болна од епилепсија зимаше нега и детски доаток , ја тепаше и ги зимаше парите на секој почеток од месецот. Јавив во социјалното им кажав. Вечерта сакаше да му раскине, рече ќе одам ќе го оставам, беше околу 6 попладне. И реков не оди ќе се случи нешто лошо, но таа боса отрча. Кога му кажала дека ќе го остави, од каде тој после пари и се случи тоа што се случи, најлошото. Го молам судијата да го осуди доживотно, како мајка го молам, низ плач кажа мајката на Емилија Пешева.

Претходна вестУЖАС: Утринава девојка летала неколку метри – прегазена на пешачки премин во Штип
Следна вестДраматична сцена во Скопје: Киднапирано едно лице – полицијата на терен