ШОК: Охридското Езеро ќе биде дадено под 12 годишна концесија за управување

2894

Државата планира да го издаде Охридското Езеро на седум концесионери за стопански риболов на период од 12 години, што пак предизвика загриженост кај риболовните здруженија.

Тие сметаат дека оваа одлука ќе ја влоши веќе лошата состојба со рибниот фонд, бидејќи езерото повеќе од пет години е без концесионер.

Шест од седумте концесионери се веќе избрани, а министерот за земјоделство уверува дека ќе има поголема контрола.

Сепак, од риболовните здруженија предупредуваат на проблемот со нелегалниот риболов и недостаток на контрола.

Покрај за стопански риболов, државата го издава Охридското Езеро и за рекреативен риболов на 12 години.

Концесиите за рекреативен риболов се доделуваат за девет риболовни зони, а идните корисници ќе бидат избрани преку електронско наддавање.

Крајниот рок за аплицирање е 30 дена од објавувањето на повикот.

Претходна вестКрвнички убиена Емилија Пешева од Штип – ќе има ли правилна казна за убиецот кој е познат на институциите
Следна вестУЖАС: Утринава девојка летала неколку метри – прегазена на пешачки премин во Штип