Временска прогноза за Македонија: Ладно време со врнежи од снег – познато од кога

9204

Ладното време ќе продолжи и во текот на наредната седмица, а од вторник попладне се очекуваат локални врнежи, кои ќе бидат претежно од снег. Овие врнежи ќе бидат поизразени во западните и југозападните делови на Македонија, каде што во дел од градовите ќе се формира помала снежна покривка, додека на планините и скијачките центри снежната покривка дополнително ќе се зголеми.

Ветер и температури

✅ Слаб до умерен ветер од источен и југоисточен правец

✅ Минимални температури – остануваат под нулата во утринските часови

✅ Максимални температури – ќе бидат уште пониски од сегашните и ќе се движат само неколку степени над нулата, додека на повисоките места и планините ќе бидат околу или под нулата

Времето во Скопје

Во Скопје и околината, од вторник па во деновите потоа, ќе има услови за повремени слаби врнежи од дожд и снег, како и влажен снег. Повремено ќе засилува југоисточен ветер.

Со оглед на ниските температури, се препорачува внимателност при движење, особено на планинските патишта и во утринските часови поради можност за појава на мраз.

Претходна вестЛевица со закон сака да ги ограничи енормните трошоци на пратениците за превоз
Следна вестПочина Живко Павлов, бардот на македонскиот хумор и сатира