Пролет се договори со две проверени прволигашки имиња

39

Македонскиот ракометен прволигаш Тинекс Пролет обезбеди две засилувања за вториот дел од тековниов шампионат.

Пролет кој од пред некое време доби и нов стратег во Никола Матлиевски ги договори Никола Стоилевски и Стефан Атанасовски.

Стоилевски е десно крило кое последниот ангажман го имаше во редовите на ГРК Охрид.

Кружниот напаѓач Атанасовски е дете на Вардар, играч кој освен за „црвено-црните“ има настапувано во шампионатите на Катар и на Саудиска Арабија, додека изминатиов период беше дел од Раховеци од Косово.

Претходна вестНаинголан сослушан во Брисел, со кауција е пуштен да се брани од слобода
Следна вестПотресни снимки: Авионот со 60 патници се урна во Вашингтон по судир со воен хеликоптер – се трага по преживеани