Тројца возачи се повредени во верижниот судар што се случи синоќа на скопската обиколница кај Смилковското езеро. Во сударот учествувале три автомобили, камион и автобус.
Од МВР информираат дека несреќата се случила помеѓу автомобил „Голф“ со скопски регистарски ознаки, автомобил „Хјундаи“ со косовски национални ознаки, автомобил „БМВ“ со скопски таблички, товарно возило „Сканиа“ со бугарски национални ознаки и паркиран автобус „Санос“ со скопски таблички.
Во несреќата, со тешки повреди се здобил 54-годишниот возач на косовскиот Голф, а телесни повреди биле констатирани кај уште двајца возачи. Сите повредени биле пренесени во Градската болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје, велат од полицијата.