Почина легендарната ТВ спикерка во Македонија – Снежана замина во вечноста

930

Почина легендарната ТВ спикерка Снежана Липковска- Хаџинаумова, една од доајените на македонското спикерство. Поседуваше фантастичен радиофоничен глас, продорни крупни зелени очи, совршена дикција, шарм, ненаметливост, интелект и стил.

Со децении владееше на тв екраните, особено во текот на 70-те и 80- те години, на тогашната ТВ Скопје, а подоцна и на Македонска радио и телевизија (МРТ).

Водеше најразлични емисии како и централниот ТВ Дневник и немаше кој не ја познава, а беше и добро позната и во тогашна Југославија.

Работеше и како новинар, а исто така се занимаваше и со документаристика. Во 2015 година издаде и книга, збирката новели „Хотелски стории“. Поседуваше ведар дух, одличен стил, културно однесување и харизма.

Претходна вестГолем број дојави за подметнати бомби во училишта низ Бугарија