Боки 13 по долг молк се огласи и јавно призна што загуби поради болеста: Да, точно е – но не ме сожалувајте

402

Бојан Јовановски, односно попознат како „Боки 13“, се огласи на Инстаграм по бројните шпекулации за неговото здравје. Тој им се обрати на своите следбеници и потврди дека неговото здравје се уште е загрозено.

„За да престанете со шпекулациите и дезинформациите, ќе ви го кажам ова. Да, точно е, по сите хируршки интервенции, насобран стрес, компликации, бројни дневни терапии и секојдневна борба со болеста, косата ми е падната и ставена ми е вештачка коса.

Се надевам дека сега една група на поединци е задоволна и среќна… И доста веќе ми ја коментирате мојата болест и здравје. Само јас знам како се чувствувам и како сум. Дополнително, единствено што ве замолувам и барам е да не бидам предмет на вашето сожалување. Единствено барам достинствено, воздржано и човечко однесување.

Јас сум бил и ќе останам борец, а на поединците кои се радуваат, коментираат и се шегуваат на болест на друг им посакувам среќа, ќе им треба бидејќи кармата е кучка“, напиша тој на својот Инстаграм профил.

Претходна вестЛоша вест од Турција – пред неколку моменти страотен земјотрес со јачина од 5,5 степени
Следна вестТодорка од Карбинци има мака, се пожалила до градоначалникот кој наместо да и понуди помош и рекол: Ти си шекната