Музичката дива Светлана Цеца Ражнатовиќ се појави на снимањето на емисијата „Ѕвезде Гранда“, со нов луксузен автомобил.
Имено, Цеца купила нов автомобил, џип БМВ, кој го возел шоферот и за кој искеширала сериозна сума на пари.
Пејачката дојде на снимањето расположена, а веднаш се забележува новата фризура. Ражнатовиќ ја скрати косата, а со својот стајлинг ги воодушеви сите.
Таа за оваа пригода избра лежерен стајлинг – црни хеланки и црна јакна со светки, додека сето тоа го комплетираше со очила за сонце.