Семејството Стевановиќ од Ниш се соочува со предизвици кои многумина тешко можат и да ги замислат.
Тринаесетгодишниот Виктор, кој се бори со сериозни здравствени проблеми – намалено лачење на хормонот за раст и дислокација на коленото, секојдневно се соочува со болки и физички ограничувања.
Неговата сестра Андреја, која има само 16 години, поминала низ дури 27 операции поради вродени деформитети на потколениците и стапалата, додека деветгодишната Василија расте во скромни и тешки услови. Поради тесната ситуација и живеењето на петти кат без лифт, сите членови на семејството минуваат низ низа тешкотии кои изгледаат непремостливи.
Виктор е изложен на физичка болка и секојдневно задевања од неговите врсници, што дополнително ја комплицира неговата ситуација.
– На часот по физичко ме турна, толку силно што паднав и ја скршив раката. Другите ме исмејуваат поради моите нозе и велат да купам нога од киоск – рекол Виктор за српски Курир објаснувајќи колку му е тешко што врсниците не го разбираат.
Покрај повредите и болките, искачувањето на пет ката без лифт е само уште еден тежок предизвик.
– Ми требаат околу 20 минути за да излезам од станот – вели Виктор, кој мора внимателно да го испланира секое излегување. Поради специјалните ортопедски апарати на неговите нозе, процесот на облекување и подготовка за училиште одзема многу време.