Во сезона на пневмонии и грипови, нема рентген на државно – матичен лекар ја критикува состојбата на клиниките

31

Матичен лекар укажува на проблеми со упатите на клиниките во Скопје, додека амбулантите се преполни со пациенти болни од грип.

Д-р Драган Ѓоргиевски вели дека кога пациентот е со влошена клиничка слика потребен е ртг наод, но на клиниките апаратите за рентген не им работат, или пак ги блокирале итните упати поради гужвите.

„Почнувам со најблиската поликлиника: Јане Сандански (ртг апаратот не работел), Клиника за радиологија ги блокирала итните упати, инаку пнеумонии и плеврални изливи се итни состојби. ГОБ 8.Септември исто. Ги проверив сите поликлиники: Букурешт, Чаир, Бит Пазар, и итен упат не дозволува. Единствено даде во Ѓорче Петров и гледај чудо таму не работеле со итни упати имале гужва. Епа и матичните имаат гужва. Јас денес 90 луѓе во една смена прегледав и никој не ме прашал дали сум имал гужва. Епа нека ми објасни некој каде во Скопје на државно да се направи ртг наод“, прашува докторот во објава на социјалните мрежи.

Како што додава, во сезона на грип и пневмонии не е коректно сите поликлиники да бидат блокирани. Ни останува, вели тој, сите со наоди да ги пратиме на Инфективна, додека и тие не ги блокираат упатите.

Претходна вестГерасимовски се пофали: Центар доби ултра модерна нова детска градинка
Следна вестРаздор во ВМРО-ДПМНЕ Кочани: За директор поставен екс-член на СДСМ, сега член на ЗНАМ