За неколку дена таа ќе ги лансира своите нови производи, а на проект работи во строга тајност
Јелена Карлеуша ќе лансира своја линија на парфеми и специјални мириси за тело.
По неколкумесечна посветена работа со нејзиниот тим, Карлеуша ја пронајде совршената нота на мирис и конечно е подготвена да ги лансира своите производи на пазарот.
Оваа колекција ќе има посебно име: „ЈА ЈК“.
Инаку, Карлеуша не сакаше да каже ниту да објави ништо за овој проект кој многумина го посакуваа, а производите за премиерата ќе ги претстави во понеделник.