Сончево со мала облачност и температура до 12 степени

253

Времето утрово ќе биде студено со услови за појава на магла по одделни котлини. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 3, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени.

Во Скопје наутро со услови за појава на магла, во текот на денот сончево со мала облачност. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 9 степени.

Следува период на стабилно и суво време со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст. Поради повисоките температури на планините висината на снежната покривка постепено ќе се намалува. По одделни котлини ќе има појава на магла со пониски дневни температури.

Претходна вестСо лажни документи увезувале крадени автомобили и преправале броеви на шасија – скопското обвинителство постапува
Следна вестТаткото и мајката на момчето убиец подготвуваат контра удар против синот: Нивниот адвокат посочи план за жалба до Апелациониот суд по пресудата