Марија Шерифовиќ: Мојот живот е тежок, моите чевли не сте ги носеле и може само да претпоставувате како живеам

177

Општо познато е дека Марија Шерифовиќ веќе долго време е на сцената и важи за еден од најдобирте вокали на Балканот со моќен и продорен глас.

Својот поход кон музичкиот врв го започна, а воедно и достигна со победата на изборот за песна на годината „Евровизија” каде со одличната интерпретација и вокални способности и ја донесе првата и единствена победа на Србија на ова натпреварување.

Марија Шерифовиќ својот моќен солистички глас отсекогаш имала желба да го спои со гласот на нашиот никогаш незаборавен и непреб олен Тоше Проески, а за тоа проговори во Бекстејџ.

– Зошто беше најдобар, од машките изведувачи се уште не се родил таков изведувач, или не се појавил.

Во секоја работа во животот можеби имаш претпоставка како е да се биде Марија Шерифовиќ , може да претпоставите дали јас убаво живеам, дали лесно живеам колку е едноставно ова кое го работам.

Но тоа е само ваша претпоставка и со самото тоа што е претпоставка може да е 90 посто лага, или 70,60 посто. Зошто? Бидејќи моите чевли никогаш не сте ги носеле , исто како и јас вашите.

Донесување на заклучоци, како се чувствува, во што се пронаоѓа не може да се су ди бидејќи не сте ги носеле моите чевли. Не е нималку лесно.

Кога сум се родила на 14-ти ноември 1984 Бог кажал ти ќе носиш тежина…но на крајот од денот мислам дека животот за мене е тежок, секој си носи свој кр ст, тоа скоро го напишав на мојот роденден.

Сакам храбро, живеам храбро, грешам храбро, тоа ме чини во животот, но сметката ја плаќам храбро и тоа е ок..

Последниот концерт на Марија Шерифовиќ се одржа пред четири години, во 2018та во Скопје, а по толку време откри кога повторно би пеела пред македонската публика.

– Голем солистички концерт годинава сигурно нема да има, следната можеби на крајот или кон почетокот на 2024 во зависност како ќе ве распоредиме и кога албумот ќе биде готов, вели Марија за Бекстејџ.

Претходна вестМирослав е слеп адвокат: Клиентите се изненадуваат кога ме гледаат што работам
Следна вестДавид спие на -30, а негови први соседи се мечките и волците