Ракометарките добија незгоден ривал во баражот за пласман на СП

49

Македонската женска сениорска ракометна репрезентација го доби противникот за баражот за пласман на Светското првенство кое во 2025 година ќе се одржи во Германија и Холандија.

Ние на денешната ждрепка во Виена се најдовме во вториот шешир и добивме навистина незгоден ривал во селекцијата на Полска. Полска е репрезентација која оствари две победи во првата фаза на Европското првенство и тоа против Португалија и Шпанија, а во вториот дел загуби од Шведска, Унгарија и Црна Гора пред да ја совлада Романија.

Првите натпревари се на програмата на 9/10 април, додека реваншите ќе се играат на 12/13 април 2025 година.

Двата домаќини, светскиот првак Франција и трите најдобропласирани екипи од ЕП, (Норвешка, Данска и Унгарија) се пласираа на Мундијалот без да играат дополнителни квалификации.

Претходна вестВо несреќа загина познатиот пејач на „Ѕвезде Гранда“, полицаецот му рекол да не оди нигде – не го послушал и загинал на лице место
Следна вестЛазаров: Наредните планирани настани ги откажувам, УЈП констатираа дека е наградна игра – ќе поднесам жалба