Костова: Потребно е зголемување на минималната плата на 500 евра

297

Кристина Костова, потпретседателка на СДСМ, на прес-конференција изјави дека во 2025 година е потребно зголемување на минималната плата на 500 евра.

-Не смееме да дозволиме работниците да бидат оставени на маргините на општеството… Растот на минималната плата не е само економска потреба, туку и морална одговорност на секоја влада, изјави Костова.

Таа нагласи дека СДСМ нема да отстапи од грижата за обезбедување посигурен и квалитетен живот на граѓаните и стопантството и дека доколу и владејачката партија ВМРО исто така вистински се грижи за граѓаните, ќе ја зголеми минималната плата на 500 евра.

СДСМ има предлог и да се укине ДДВ-то за храна. Заедно со предлогот за покачување на минималната плата, ова се нивните обиди да помогнат на граѓаните да имаат попристоен живот, според пресот на Костова.

Претходна вестБоки 13 ја напушта наградната игра со Стефан Лазаров – му се влошила здравствената состојба
Следна вестВо несреќа загина познатиот пејач на „Ѕвезде Гранда“, полицаецот му рекол да не оди нигде – не го послушал и загинал на лице место