Боки 13 ја напушта наградната игра со Стефан Лазаров – му се влошила здравствената состојба

1122

Откако Управата за Јавни Приходи синоќа влезе во просториите на локалот Cabaret Clique во Штип, каде што без дозвола од Министерството за фанинасии наградна игра организираат Бојан Јовановски алиас Боки 13 и Стефан Лазаров, Боки 13 одлучи преку социјалните мрежи да се повлече од оваа наградна игра, поради како што вели нанесен и преживеан стрес.

Поради нанесениот и преживеан стрес, а во насока на мојата влошена здравствена состојба, ви соопштувам дека во овој момент се повлекувам од моето јавно појавување како гостин и промотивно лице на забавниот инстаграм формат GIVEAWAY кој е во организација на мојот најдраг пријател Stefan Lazarov.

Му давам максимална морална и пријателска поддршка на Стефан за успешно завршување на проектот.

За сите останити прашања, коментари и ставови одговорите ќе ги дадам при моето гостување во @lazarovpodcast во вторник на 17.12.2024 во 21ч

Ви благодарам од срце на сите за вашата најискрена поддршка која ми ја дадовте во огромен број во овој период.

Со почит,

Бојан Јовановски – Боки13

П.с бедна е среќата која се темели на нечија болка и солзи…

Претходна вестГивавеј настанот на Лазаров и Боки 13 под лупа на Финансии и инспекторите
Следна вестКостова: Потребно е зголемување на минималната плата на 500 евра