Градоначалникот на Општина Крушево, Томе Христоски преку социјалните мрежи реагираше на крајно чудната одлука на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, кои направија историски преседан, откако ниту еден амандман во буџетот од нивна страна не е прифатен за општина Крушево.
-Ниту еден амандман во буџетот од страна на ДПМНЕ и мнозинството во Собранието не е прифатен за општина Крушево.
Ова до сега не се има случено!!!
Горди ли сте кога ќе се појавиме сите на 1-ви август, се повикуваме на Устав, историја, патриотизам, Крушевска Република, инфраструктура, туризам…
Ние продолжуваме да градиме општина за сите, препознатлива, посакувана и привлечна општина која се гради и развива секој ден, а Вие останете горди какви што сте!, пишува Христоски.