Судиите Осман Кадриу и Насер Ајдари не се присутни на седницата на Уставниот суд

52

На денешната седница на Уставниот суд, на која треба да се одлучува за уставноста на Законот за употреба на јазиците, не се присутни судиите Осман Кадриу и Насер Ајдари.

Поради нивно отсуство, судијата Фатмир Скендер, непосредно пред гласањето на дневниот ред, побара да се повлече од дневен ред точката со иницијативите за оценување на уставноста и законитоста на Законот за употреба на јазиците.

-Сметам дека за овој предмет е пожелно сите да бидеме присутни, со што би можеле да ги вкрстиме нашите аргументи и ставови, рече судијата Скендер.

Другите судии не се согласија со овој предлог на судијата Скендер и гласаа тој да се одбие. Нивните аргументи се дека ако Судот воспостави ваква пракса, тогаш ќе треба и за други предмети да се чека да бидат присутни сите судии, што, според нив, би ја кочело работата на Судот. Уште еден аргумент, како што посочија, е дека досега и за други предмети се одлучувало во отсуство и на други судии.

Откако предлогот беше одбиен, судијата Скендер рече дека нема да присуствува на расправата за првата точка од дневниот ред, односно за иницијативите за оценување на уставноста и законитоста на Законот за употреба на јазиците.

Претходна вестОсум години без Есма Реџепова, кралицата на ромската музика
Следна вестГерасимовски: Центар е првата општина што блесна во новогодишна магија