Протест против загадувањето на воздухот во Скопје

55

Итно и системско справување со загадувањето на воздухот преку имплементација на ефикасни мерки кои ќе го заштитат здравјето на граѓаните и драстично ќе го намалат аерозагадувањето е барањето од протестниот марш против аерозагадувањето во Скопје организиран од Иницијативата „Зелен Хуман Град“ што попладнево се одржа во главниот град.

Протестот почна пред Министерството за животна средина и просторно планирање, продолжува пред Собранието и ќе заврши пред Владата.

Организаторите на маршот, соопштија дека протестот се организира бидејќи секоја година од 3.828 до 5000 луѓе во државава ги губат своите животи како директна последица на изложеноста на штетните честички PM2.5. Ова претставува 17,7 отсто од вкупната смртност во државата. Особено загрижувачки е фактот дека едно од девет починати деца под една година го губи животот поради загадениот воздух, беше посочено на маршот.

–Доста е 10 години, 15, 20 зборуваме. Тука сме да го искажеме нашиот револт, се отселивме од државата ние сме еколошки мигранти. Бегаме од воздухот од сопствената татковина. Ние како Зелен хуман град, и сите други зелени иницијативи имаме доставено барање, година по година до Влада до Министерство до локалната самоуправа, до Собрание, тоа се предлози кои се базирани на наука кои можат да се имплементираат, не се научна фантастика. Не сме прва држава која се соочува со загадување, една соседна држава го реши и Кина го реши. Зарем толку не нѐ бива да решиме еден таков горлив проблем, упати еден од организаторите.

Претходна вестДоцнат повеќе социјални додатоци, граѓаните гневни чекаат по банките, надлежните повикуваат на разбирање
Следна вестЦела Југославија му се восхитуваше, а тој заврши на ПСИХИЈАТРИЈА