Ковачевски е во бегство – полицијата го бара на повеќе локации, но тој не е достапен

2035

Голема полициска акција, се апсат осомничени за злоупотреба на јавен повик за набавка на адитиви, со што била нанесена штета од 6,5 милиони евра. Станува збор за 29 осомничени лица, меѓу кои Васко Ковачевски, поранешен директор на ЕСМ и поранешен член на Управниот одбор на компанијата.

Во акцијата опфатени се и четири правни лица од Велес, Неготино, Битола, Кичево и од Скопје.

Според неофицијалните информациите на Телма, Ковачевски е во бегство.

А поранешниот директор на ТЕЦ Неготино, Небојша Стојановиќ е приведен. Дел од медиумите објавија дека осомничен е и Васко Стефанов, кој го наследи Ковачевски на позицијата генерелен директор на ЕСМ, како и Пеце Матевски, поранешен директор на РЕК Битола.

Комерцијалниот директор на ЕСМ, Ардијан Муча, пак, е осомничен за кривичното дело Злоупотреба на службена положба.. МВР се уште не соопштуваат повеќе детали за оваа акција.

Претходна вестУтрово голема полициска акција во Македонија: Се апсат повеќе директори
Следна вестПроверете ги сметките: Власта денеска исплати 8.274.180 денари на оа група земјоделци