Голема полициска акција се случува утрово во неколку градови во Македонија, пишува порталот Плусинфо.мк.
Според наводите на порталот станува збор за акција со која се приведуваат лица вмешани со набавки во енергетскиот сектор.
Неофицијално, приведени се поранешни директори на АД ЕСМ, РЕК Битола, ТЕЦ Неготино и сопственици на приватни фирми.
Повеќе информации очекуваме од Министерството за внатрешни работи и од надлежното јавно обвинителство.