Џастин Сун конечно ја изеде бананата што ја плати 6,2 милиони долари

65

Контраверзното дело „Комичар“ на италјанскиот уметник Маурицио Кателан, попознато во јавноста како „бананата залепена на ѕид“, неодамна беше купена од триесет и четиригодишниот бизнисмен Џастин Сун.

Кинескиот бизнисмен го купи делото за 6,2 милиони долари. Минатиот петок, на 29 ноември, тој конечно и ја изеде бананата во луксузен хотел во Хонгконг, во присуство на новинари и инфлуенсери.

Откако го заврши оброкот, Сун изјави дека бананата од делото на Кателан е повкусна од другите банани: „Навистина е добра.

Нејзиното јадење на прес-конференција исто така може да стане дел од историјата на делото“.

Заедно со сопственоста врз „Комичар“, Сун доби и потврда за автентичност и инструкции како да го постави и чува делото. Бананата првпат се прикажа на Уметничкиот саем во Мајами во 2019 година каде што имаше цена од 120.000 долари.

Инсталацијата на Кателан поттикна важни разговори за природата на уметноста и нејзината вредност. Дебатите дополнително се вжештија откако уметникот Дејвид Датуна ја тргна бананата од ѕидот и ја изеде, по што беше заменета со друга.

Претходна вестНема убави вести од Фиренца: Фиорентина се огласи итно и ја откри состојбата на Бове – навивачите се собраа околу болницата
Следна вестКурти: Нападот на Србија на каналот Ибар-Лепенец наликува на руските напади во Украина