АНАЛИЗА: Новите кадри на СДСМ се без црна дамка, млади и успешни во своите професии

732

СДСМ на состанокт на Централниот одбор избра нови потпретседатели и нов генерален секретар на партијата. За генерален секретар на партијата е избран Александар Димитриевиќ, нови потпретседатели се Кристина Костова, Каја Шукова, Ана Чупеска и Методија Илиевски.

Димитријевиќ е млад кадар на партијата, кој ги поминал сите младински категории, а во моментот е советник во општина Гази Баба. Во потпретседателскиот состав се најдоа, поранешната министерка за животна средина Каја Шукова, професорката од Правниот факултет во Скопје Ана Чупеска, Методија Илиевски, член на Советот на општина Битола и Кристина Костова од Штип, член во Централниот одбор во СДСМ, објави лидерот на партијата Венко Филипче.

Избрани членови на извршниот одбор се: Ирена Китанова, Лолита Ристова, Рената Младеновска, Александар Трајановски, Александар Арсиќ, Ратко Ајцев, Филип Секуловски, Живка Агелоска, Белкиса Зеќири, Агрон Демири, Андијана Томовска, Душанка Георигиева Трпевски, Симона Цветановска.

За организациони секретари се избрани Мартин Костовск и Љупчо Пармаковски. Претходно на Конгрес одржан викендов за нова заменик претседателка на СДСМ беше избрана Фани Каранфилова Пановска.

Од она што го тврдат аналитичарите, веднаш по назначувањето на нови кадри, видлива е промената која сака да ја внесе Венко Филипче во самиот врв на партијата. Нови, млади, но и навистина искусни луѓе кои долги години биле партиски активисти и секогаш останале лојални на партијата.

Новиот генерален секратер, како и новите потпретседатели не носат политички багаж од минатото, избор со кој веројатно Филипче сака да биде сигурен дека нема бидат подложни на агресивната негативна кампања на ВМРО-ДПМНЕ. Забележливо е дека и нема лица кои биле блиски до претходните претседатели на партијата или пак Зоран Заев, со кој се поврзува изборто на Филипче за претседател.

Претходна вестНовата потпретседателка на СДСМ, Кристина Костова: Исправени сме пред сериозни предизвици, но кога на истите се одговара сплотено, борбено и со јасна визија за иднината, ништо не е тешко
Следна вестСе ставам во функција на партијата, токму кога е најтешко, заедно одиме во нови предизвици и борби – порача Мартин Костовски