Централниот одбор на СДСМ вечерва го избра новото раководство на партијата.
Како што претходно информиравме, нов генерален секретар на партијата е Александар Димитријевиќ.
Денешната седница на ЦО донесе и одлука за идните потпретседатели. Едногласно избрани беа Каја Шукова, Менде Илиевски, Ана Чупеска и Кристина Костова.
Избрани се и двајца организациски секретари а тоа се екс пратеникот Мартин Костовски од Куманово и Љупчо Фармаковски од ОО СДСМ Центар.