Александар Димитријевиќ нов генерален секретар на СДСМ

978

Во овој момент во тек е Централниот одбор на СДСМ, на кој ќе бидат именувани новите потпретседатели на партијата, новиот генерален секретар, двајца организациони секретари и меѓународен секретар.

За „мотор“ на партијата односно генерален секретар е избран Александар Димитријевиќ од ОО Гази Баба.

Димитријевиќ е актуелен советник во Гази Баба, а претходно беше и потпретседател на младината на партијата.

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче на Конгрес во неделата, за заменик-претседател ја доби Фани Каранфилова Пановска.

Во текот на вечерта ќе ги споделиме и имињата на идните потпретседатели на партијата.

Претходна вестВчера почнаа: Од денес приватните превозници престануваат да сообраќаат
Следна вестШукова, Костова, Чупеска и Илиевски – нови потпретседатели на СДСМ