Закон за забрана за користење на социјалните мрежи за деца под 16 години – револуционерна одлука ќе донесена во Австралија

267

Долниот дом на австралискиот Парламент усвои закон со кој може да се забранат социјалните мрежи за деца под 16 години, што е една од најстрогите контроли на социјалните мрежи во светот.

Законот е усвоен со 102 гласа „за“ и 13 „против“, а се очекува наскоро Сенатот да го разгледа за да биде усвоен пред крајот на парламентарната година.

Премиерот Ентони Албанезе, кој е за тој закон, тврди дека прекумерната употреба на социјалните мрежи го загрозува физичкото и психичкото здравје на децата.

Иако Гугл и Мета побараа законот да се одложи додека не заврши тестирањето на системот за верификација на возраста, јавноста најмногу го поддржува законот, додека родителските групи го гледаат како клучна мерка за заштита на децата од кибер-малтретирање.

Анкетите покажаа дека 77 отсто од Австралијците ја поддржуваат забраната, додека противниците на законот наведуваат прашања за приватност и слобода на изразување.

Претходна вестКобното утро, 27-ми ноември: Вања исчезна и веднаш била убиена – ЕДНА година од трагедијата која ја потресе Македонија
Следна вестСДСМ денес избира членови на Извршен одбор, генерален секретар и потпретседатели